Турскиот ,,Џејсон Момоа” има македонско потекло: Овој Турчин е страв и трепет а еве како се изјаснува (фото)
Речиси секојдневно на социјалните мрежи споделува моменти од деловниот и личниот живот, а најмногу лајкови добиваат објавите на кои е оскудно облечен на општо задоволство на понежниот пол.
Џан Јаман (33) се прослави со улогите во популарните турски сапуници. Актерот, кој го нарекуваат и „Турскиот Џејсон Момоа“, е роден во Истанбул во 1989 година , а неговите корени се од Косово и Македонија. Љубовта кон јазиците ја наследил од дедо му по мајка (дедо му зборувал шест јазици), а освен турски, зборува и италијански, англиски и француски. Јазичната гимназија ја завршил како најдобар ученик со највисоки оценки од постоењето на таа образовна институција.
Првиот голем успех го постигна во серијата „Долунај“ во 2016 година. Турските медиуми пишуваа дека често се карал со Селен Сојдер и дека ја навредувал, поради што завршил на суд и морал да плати казна за клевета.
Тој го освои срцето на најпознатата спортска новинарка во светот Дилета Леота , но по неколку недели нивната врска се распадна. Зборувајќи за својата идеална жена, тој рече дека никогаш нема да му го привлечат вниманието оние кои се однесуваат како мажи или оние кои се премногу гласни, а не го привлекуваат ниту мистериозните жени. Го привлекуваат веселите и дека енергијата што ја имаат му е многу важна, заедно со мирисот и бојата на гласот.
Тој е голем љубител на патувања, а ужива во истражување на нови места и земји. Тој предизвика големо внимание при посетата на Грција, Шпанија, Италија и Србија кога отиде да ги промовира своите проекти.
– Често мислат дека сум од Албанија, но вистината е дека дедо ми е роден во Приштина, каде што живеел, двајцата родители се од Истанбул, од каде што сум јас – изјави Јаман во едно интервју.