– Турција неутрализира повеќе од 1.000 терористи на ПКК/ЈПГ од 1 јануари годинава, вклучително и оние што се кријат преку границата, во Ирак и северна Сирија, соопшти денес турското Министерств за национална одбрана.
„Шеесет и седум терористи се неутрализирани само во последната недела“, изјави претставник на Министерството за новинарите на брифинг во главниот град Анкара.
„Вкупниот број терористи неутрализирани досега оваа година достигна 1.062“, додаде тој.
„Во Сирија се преземени сите неопходни мерки за одржување на безбедноста и стабилноста во областите на прекуграничните антитерористички операции на Турција, а на терористичките напади се одговара соодветно.“
„Од јануари досега, терористичката организација ЈПГ/ПКК изврши 91 вознемирувачки инцидент и напад во областите на антитерористичките операции на Турција, а 777 терористи се неутрализирани со итна интервенција на турските војници“, додаде тој.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Во врска со илегалните премини во Турција, официјалниот претставник рече дека благодарение на дополнителните ефективни мерки, 4.931 лице, меѓу кои 369 се терористи, кои се обиделе илегално да ги преминат границите на Турција, биле фатени од 1 јануари. Околу 138.000 луѓе биле спречени пред да ја преминат границата.
Турција е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.
Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, што е повеќе од која било друга земја во светот, презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.
– Турција ќе ја преземе командата на КФОР предводена од НАТО
За турските војници кои беа распоредени како дел од силите на НАТО за одржување на редот во услови на тензии во Косово, официјалниот претставник рече дека задачата на турскиот баталјон се планира да продолжи до почетокот на септември.
Во јули, Турција распореди војници во Косово на барање на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО поради тензиите во земјата.
Тензиите во Косово се зголемија по изборот на градоначалници етнички Албанци во четири општини во северниот дел на земјата со доминантно српско население во април. Србите ги бојкотираа изборите, а потоа протестираа против резултатите и се обидоа да ги спречат градоначалниците да стапат на функција.
„Покрај тоа, командата на КФОР ќе биде преземена од нашата земја за период од една година почнувајќи од октомври“, рече турскиот претставник.