Турските власти приведоа шест лица осомничени за извршување активности во корист на кинеското разузнавање

Турската полиција денеска приведе шест лица осомничени дека извршувале активности во корист на кинеското разузнавање, пишува опозицискиот весник „Џумхуриет“, повикувајќи се на извори од турската полиција.

Акцијата била спроведена изутрината во Истанбул. Продолжува потрагата по уште еден осомничен.

Според тврдењата, уапсените собирале информации за жителите на Синџијанг, (автономен регион во западна Кина), кои во тоа време биле во Турција.

Ујгурскиот автономен регион е населен со едно од најбројните национални малцинства на Народна Република Кина – Ујгурите. Голем дел од нив исповедаат ислам.

Според кинеските власти, во овој регион дејствуваат сепаратистички групи поврзани со меѓународни терористички групи.

Во Турција живее голема заедница на Ујгури, пишува „Џумхуриет“