Мицкоски се сретна со Роберт Скот Хејзлет од НДИ

Денес заедно со членовите на ИК на партијата, Ели Панова и Дафина Стојаноска и меѓународниот секретар Стефан Андоновски остварив средба со Роберт Скот Хејзлет и претставници на Националниот демократски институт.

На средбата се констатираше одличната соработка која ја има ВМРО-ДПМНЕ со НДИ, во форма на различни обуки, семинари, трибини и друг вид на едукативни и тренинг настани.

Констариравме дека добрата соработка треба да продолжи и во иднина, и уште повеќе да се заслува.

Разговарани беше и за актуелната состојба во државата, за што потенциравме дека Македонија е практично заложник на криминогеноста и корупцијата на СДС и ДУИ.

Владеењето на правото е недостижна фантазија со оваа гарнитура на власт, и токму затоа се потребни промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ