ВИДЕО | СИЛЕН ДОЖД ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ ЊУЈОРК – Гувернерот со итно предупредување: “Невремето е опасно по живот!“

Силен дожд предизвика целосен хаос во Њујорк. Метрото и главните патишта во градот се под вода, звукот на сирените одекнува низ градот, а итните служби имаат полни раце работа.

Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс.

Поплавени се улици, автопати и бројни станици на метрото, а затворен е и еден терминал на аеродромот „Ла Гвардија“.

Гувернерката на ЊујоркКети Хочул, порача дека невремето е „опасно по живот“ и ги повика луѓето да останат на безбедно место.

Погледнете каква е ситуацијата во Њујорк ОВДЕ.