Турското Министерство за надворешни работи денеска остро ги осуди нападите што доведоа до смрт на цивили на Западниот Брег, и изрази длабока загриженост поради зголемените тензии и речиси секојдневната загуба на животи.
„Со тага разбравме дека многу Палестинци ги загубиле животите за време на рацијата на израелските сили на бегалскиот камп „Џенин“ на Западниот Брег утринава“, се вели во соопштението на Министерството, пренрсе ТРТ.
Министерството го повтори повикот на Туркије до израелските власти ефикасно да ги преземат неопходните мерки за да се спречи ескалација на тензиите во регионот и загубата на животи.
Во соопштението се изразува сочувство на Туркије до палестинската држава и нејзиниот народ и Божја милост за Палестинците кои ги загубија животите.
Најмалку девет Палестинци загинаа, а 20 беа повредени од Израелската армија денеска на окупираниот Западен Брег, соопштија палестински извори.
Палестинското Министерство за здравство објави дека 9 лица загинале во бегалскиот камп „Џенин“, додавајќи дека меѓу жртвите има и една постара жена.
Министерството додаде дека 20 други се повредени, а четворица од нив се во критична состојба.
Очевидци изјавија за Агенција Анадолија дека израелски војник упаднал во бегалскиот камп „Џенин“, што довело до судири меѓу десетици Палестинци и Израелската армија.
Тие рекоа дека дошло до судири меѓу десетици Палестинци и израелските сили кои употребиле боева муниција и солзавец.
Тензиите се зголемија низ Западниот Брег во последниве недели поради континуираните рации на Израел за приведување на „барани Палестинци“ или за рушење на палестински домови. Рациите предизвикаа судири со Палестинците, предизвикувајќи жртви.