Турција: Во земјотресот кој вчера ја погоди Малатија загинаа две лица, повредени се 140 лица

Од АФАД е соопштено дека 32 лица се спасени од под урнатините по земјотресот чиј епицентар беше во округот Јешилјурт во Малатија.

Управата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) објави дека во новиот земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што вчера ја погоди турската област Малатија, загинале две лица, јавува Анадолу.

Се наведува дека повредени се 140 лица.

Од АФАД е соопштено дека 32 лица се спасени од под урнатините по земјотресот чиј епицентар беше во округот Јешилјурт во Малатија.

Меѓу повредените, 12 се во тешка здравствена состојба. Од 140 повредени лица, 40 сè уште се на лекување.

Урнати се 31 зграда, а акциите за пребарување и спасување се завршени во седум објекти.

На терен се наоѓаат 650 луѓе кои работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јешилјурт во турска Малатија вчера во 12:04 часот по локално време.

Земјотресот е почувствуван и во околните области, а е регистриран на длабочина од 6,96 километри.