Турција започна истрага против 19 фармацевтски компании

Турција започна истрага против 19 фармацевтски компании за да утврди дали тие го прекршиле законот за конкуренција, се вели во соопштението на турските власти.

Надлежниот орган ја донел одлуката за покренување истрага во компаниите, меѓу кои Astra Zeneka, Bayer, GKS, Johnson & Johnson, Bausch & Lomb, Sanofi и Pfizer, на 9 ноември, се вели во соопштението.

Компанијата Астра Зенека, согласно својата политика, не сакаше да ја коментира истрагата, додека британската ГКС, од француската Санофи и германскиот Мерк соопштија дека целосно соработуваат со турските власти на полето на конкуренцијата.

Во соопштението од германската фармацевтска компанија БАСФ, се наведува дека се работи на проценка на случајот, како и дека корпорацијата се залагала за високи стандарди за почитување на законот и деловната етика.

Останатите компании под истрага се AbVi, Abdi Ibrahim, Ilko, Liba, Menarini, Michael Page International, Panasonic, SIFI и World Medicine.