Турција започна масовно производство на првиот тенк „Made in Turkiye“, Алтај – соопшти турската одбранбена индустрија.
Нејзиниот претседател Халук Горгун ги сподели најновите податоци за турскиот тенк Атлај – нагласувајќи дека започнале со масовно производство, пренесува Телеграфи.
🇹🇷 Serial production of the Turkish main battle tank “ALTAY” will begin in Turkey in 2025. According to the Turkish Defense Minister, a total of 250 “ALTAY” tanks will be made available to the armed forces. https://t.co/1ccjxl7r6C pic.twitter.com/Z37yQ0KS9c
— OSINT Expert (@OsintExperts) May 3, 2024
Тој дури рече дека има земји кои сакаат да соработуваат со Турција за таа да стане меѓународна и дека ги продолжуваат преговорите со нив.
Новата генерација на тенкот Алтај е произведена во рамките на проектот BMC Defence и ги достигна најсовремените стандарди по потреба.
„Многу потсистеми се локализирани – технологијата е обновена и додадени се иновации за зголемување на борбените способности“, рече Горгун.