Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека 148 здравствени работници патуваат за Либија, која е погодена од разорни поплави.
Коџа на својот профил на социјалните мрежи објави синоќа дека група здравствени работници со брод заминува за Либија од турското пристаниште Измир Алсанџак.
Потсети дека веднаш по катастрофата Министерството во Либија испратило два тима за итни случаи, медицински материјал, агрегати, лекови и медицинска опрема, како и медицински тимови на УМКЕ и УМКЕ АТАК составени од 11 лица.
Истакна дека вкупно 159 здравствени работници од Турција ќе пружат помош на либискиот народ.
„Испраќаме уште две целосно опремени теренски болници и шест амбулантни единици, десет возила на итната помош, седум возила на УМКЕ АТАК и шест возила на итната помош“, рече Коџа.
Бројот на загинати од последиците на бурата „Даниел“ и последователните поплави во источна Либија надмина 6.000, а неколку илјади луѓе и понатаму се водат како исчезнати.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во понеделникот објави дека бројот на исчезнати по поплавите во Либија е поголем од 10.000.
Обилните врнежи од дожд како последица на моќниот циклон во неделата зафатија неколку области во источна Либија, меѓу кои Бенгази, Ал Бајда и Ал-Марџ, како и Соуса и Дерна.