Турција и Украина воспоставуваат соработка во стратегиските индустрии

Протоколот го потпишаа турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, и министерот за стратегиски индустрии на Украина, Александар Камишин.

Турција и Украина потпишаа договор за зајакнување на соработката во стратегиските индустрии, фокусирајќи се на беспилотните летала, автономните системи, истражувањето и развојот на мотори, производството и одржувањето при синоќешната официјална посета на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Турција

По тет-а-тет и меѓуделегациската средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Владимир Зеленски, во вилата „Вахдетин“ во Истанбул се одржа церемонија на потпишување на протоколот што содржи меморандум за разбирање за соработка во стратегиските индустрии меѓу двете земји.

Протоколот го потпишаа турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, и министерот за стратегиски индустрии на Украина, Александар Камишин.

Според информациите до кои дојде Анадолу, протоколот има цел да ја промовира соработката меѓу двете земји во стратегиските индустрии, со посебен фокус на беспилотните летала, автономните системи, развојот и унапредувањето на моторите, производството и активностите за одржување.

По неочекуваните разговори во Чешка и Словачка во текот на вчерашниот ден, Зеленски и неговата делегација пристигнаа во Истанбул во прва официјална посета на Турција од почетокот на руско-украинската војна што започна во февруари 2022 година.