ТУРЦИЈА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТА !? Реџеп Таип Ердоган повика на итна промена на Уставот на државата и усвојување на нов ?

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходниот ден повика на усвојување на нов Устав на државата, со цел да се реши невидениот конфликт меѓу двата највисоки судови во земјата.

Дебатата за владеење на правото започна во средата кога Апелациониот суд поднесе кривична пријава против судиите на Уставниот суд, кои минатиот месец донесоа одлука за ослободување на затвореникот Џијан Аталај, пренесува медиумската агенција Reuters. Врховниот апелационен суд соопшти дека пресудата на Уставниот суд е неуставна. 

За жал, Уставниот суд неодамна направи многу грешки по ред, што сериозно не загрижува“, порача Реџеп Таип Ердоган на новинарите по враќањето од Узбекистан, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Турската адвокатска комора и главната опозициска партија ЦХП го осудија потегот на апелациониот суд како „обид за државен удар“, а стотици членови претходниот ден протестираа во Анкара, извикувајќи „правда“.

Тие маршираа повеќе од 10 километри од судската зграда во Анкара до областа Ахлатлибел, каде што се наоѓаат Уставниот суд и Апелациониот суд. Лидерот на главната опозиција Озгур Озел за време на протестот порача дека последната судска криза е обид на Реџеп Таип Ердоган да го „ревидира уставниот поредок“.

Претседателот, кој авторитетот го црпи од Уставот, ги поддржува постапките на Апелациониот суд со игнорирање на Уставот“, порача Озгур Озел и го повика Реџеп Таип Ердоган да го заштити Уставот.

Реџеп Таип Ердоган вели дека нема да заземе страна во спорот и да ја преземе улогата на судија и дека спорот меѓу двата највисоки судови ја покажува потребата од нов Устав, за кој, како што кажа, парламентот треба да расправа следната година.

47-годишниот Џијан Аталај минатата година беше осуден на 18 години затвор поради обид за соборување на Владата преку организирање на национални протести во 2013 година, заедно со турскиот филантроп Осман Кавала и уште шестмина други. Сите обвинети ги негираа обвиненијата наведувајќи дека протестот бил спонтан.