Турските вооружени сили утре од Италија ќе ја преземат командната улога на мировните сили на НАТО на Косово (КФОР).
Мисијата на КФОР на Косово беше стартуваше на 12 јуни 1999 година со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации и во неа учествуваат речиси 4.500 војници од 27 земји, вклучително 21 членка на НАТО и шест земји надвор од таа организација.
На 10 октомври минатата година Италија ја презеде командната улога на КФОР од Унгарија, а утре таа улога ќе ја преземе Турција.
Министерството за одбрана на Турција, кое го има вториот по големина контингент во КФОР, соопшти дека КФОР е една од најважните мисии за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.
„Од формирањето на КФОР, Турција придонесува во таа мисија. Со дополнителните оперативни сили ние сме еден од столбовите на таа мисија“, наведоа од Анкара.
Турција има силни културни и историски врски и смета дека мисијата на КФОР сè уште е неопходна со оглед на нејзината клучна улога за мир. Туркије најави продолжување на поддршката за таа мисија.