– Турција, сепак, ја прифатила понудената помош од Република Кипар за испраќање спасувачки тим, преку европскиот механизам за цивилна заштита, објавија кипарските медиуми.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кипар Димитрис Димитриу на Твитер напишал дека биле информирани од европскиот механизам дека „понудата на Кипар за испраќање спасувачки тим, беше прифатена од Турција“.
Кипарската новинска агенција ЦНА вчера објави дека Република Кипар изразила подготвеност да помогне во спасувачките напори по земјотресот, но турската страна не ја прифатила помошта.