Турција: Централната банка ја покачи каматната стапка, Шимшек ја нагласи важноста на стабилизацијата на цените

– Министерот за трезор и финансии на Турција, Мехмет Шимшек, денеска ја повтори одлучноста во врска со стабилизирањето на цените во земјата, откако Централната банка ја зголеми каматната стапка на 25 отсто,.

Централната банка на Република Турција денес ја зголеми референтната каматна стапка за 750 базични поени на 25 отсто, што е највисоко ниво од октомври 2021 година.

„Одлучни сме. Наш најголем приоритет е стабилизација на цените“, порача Шимшек.

По соопштението на Централната банка на Турција за референтната каматна стапка, забележан е пад на вредноста на доларот и еврото во однос на турската лира.