Турција, Финска и Шведска ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за приемот на двете нордиски земји во НАТО во март, објави шефот на Алијансата, јави ТРТ.
Јенс Столтенберг зборуваше на заедничката прес-конференција со естонската премиерка Каја Калас и претседателот на Европската комисија фон дер Лајен во Талин, Естонија.
Столтенберг рече дека „имал добри разговори со претседателот (Реџеп Таип) Ердоган“ за време на неговата посета на Анкара минатата недела.
„Се договоривме да ги рестартираме разговорите и да свикаме трилатерален состанок меѓу Финска, Шведска и Турција во седиштето на НАТО во средината на март под мое покровителство“, објасни тој.
Страните ќе разговараат за „како да се заврши пристапниот процес“ на двете држави.
Столтенберг го поздрави и тоа што унгарскиот парламент следната недела ќе го започне процесот за ратификација на пристапниот протокол на двете земји.
Процесот за членство на Шведска во НАТО е закочен бидејќи Турција одби да продолжи со оваа постапка во време кога во Шведска јавно се пали светата книга на муслиманите, Куранот.