Турција ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Македонија

– Делегација на Генералниот директорат на Државните работи за води на Турција (ДСИ) престојува во Северна Македонија и работи на отстранување на проблемите со водата за пиење во турските села во источниот дел од земјата.

Тим од 4 лица од ДСИ работи на студија за водите, а контактите во Северна Македонија ги започна на 18 септември.

Делегацијата од Турција вчера го посети Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и таму одржа координативен состанок.

Денеска тимот на ДСИ ја посетија општина Радовиш и се состанаа со градоначалникот Ацо Ристов.

Подоцна, делегацијата го посети селото Калаузија во Радовиш во придружба на амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.

Делегацијата на патот кон Калаузија застана покрај еден извор на вода на приближно 3 километри од селото и спроведе истражување на водата.

Исмет Кизилтепе, заменик-раководител на Одделот за подземни води на Генералниот директорат за државни работи за води на Туркије, за новинарите изјави дека дошле во посета на земјата за да ги отстранат проблемите со водата за пиење во турските села во источните делови на Северна Македонија во рамките на делокругот на соработката и Меморандумот за разбирањет во полето на водите потпишан меѓу Турција и Северна Македонија во 2021 година.

Истакнувајќи дека ќе се обидат да изнајдат решенија идентификувајќи ги проблемите со водата за пиење во селата од регионот, Кизилтепе рече дека изворот на вода што го нашле во селото Калаузија сметаат дека ќе биде доволен за селото, во нормални услови.

„Сметаме дека со проектните активности што ќе ги спроведеме ќе се реши проблемот со водата за пиење на селото Калаузија и селото ќе има вода за пиење“, рече Кизилтепе.

Зборувајќи дека се враќаат во Турција во недела, на 24 септември, откако ќе ја завршат студијата за води, Кизилтепе рече: „Кога ќе се вратиме во Турција, ќе поднесеме извештај за сите наши наоди и студии во врска со овие 22 села. Согласноста за патување и подготвената студија потоа ги доставуваме до нашето министерство, кое ги испраќа до претседателството. Откако претседателството ќе ги разгледа подготвените студии, верувам дека брго ќе се донесе одлука, и ќе се реши проблемот со водата за пиење на нашите сонародници во овие 22 турски села.“

Посочувајќи дека вакви студии освен во Турција спровеле и во Туркиските земји и во Африка, Кизилтепе рече: „Имаме за цел да се осигураме дека нема да оставиме ниту едно турско село или наш сонародник без вода“.

Делегацијата, која ќе престојува во земјава до 24 септември, ќе ги посети градовите Радовиш, Дојран, Струмица, Валандово, Штип и нивние околни села и ќе работи на отстранување на проблемите со водата за пиење.