Турција ќе продолжи да соработува со БРИКС

Турција ќе продолжи активно да го следи и соработува со БРИКС, објави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, по завршувањето на 17-тиот самит на таа организација во Рио де Жанеиро.

Фидан потсети дека минатата година Анкара, незадоволна од застојот во преговорите за пристапување кон Европската Унија, изрази интерес да стане полноправна членка на БРИКС, и доби посебен статус на таканаречена „земја партнер“, со образложение дека БРИКС во моментов не планира понатамошно проширување, но Анкара сè уште не донела официјална одлука за таа понуда.

Зборувајќи за стратегијата на Турција за надворешна политика и нејзината улога во меѓународниот систем, Фидан истакна дека неговата земја е заинтересирана за сите платформи што се залагаат за глобални реформи, мултилатерална соработка и зачувување на регионалниот мир, пренесува агенцијата Мина.

„Денес, Турција е слушната и барана на многу меѓународни форуми благодарение на својата позиција. Постои заедница на нации што сака да ги чуе и да ги користи нашите искуства и ставови“, изјави Фидан за новинарите по дводневниот самит.

Организацијата БРИКС има за цел да го зајакне гласот на земјите во развој и да го балансира она што го смета за меѓународен поредок центриран кон Западот. Членовите се залагаат за реформа на институции како што се Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.