Тутунарите од карбинскиот регион ги засукаа ракавите, активно ја почнаа сезоната со садење на тутунот. Иако владата изминатата година понуди солидна откупна цена, производителите велат дека таа сè уште не го одразува трудот и вложувањата кои ги прават. Доколку нема слух за нивните барања, дел од нив размислуваат за напуштање на земјоделието и заминување во странство.
Дополнителна грижа за тутунарите оваа година е и самата состојба на насадите. Не очекуваат добра рожба. Како што велат за нашата телевизија, неповолните временски услови, особено снегот и студот во изминатите месеци, оставиле последици врз квалитетот и квантитетот на тутунот.
Со раце во земјата и мисли во иднината, тутунарите од карбинскиот регион ја почнуваат новата сезона – со надеж, но и со загриженост. Велат: ако трудот не се исплати, тутунот ќе стане минато, а животот ќе продолжи – не во нивите, туку во туѓина.