Уапсена позната старлета! Побегнала во Турција на операција на лицето, полицијата ја чекала на аеродром
Познатата британска ријалити ѕвезда и старлета Кејти Прајс е уапсена на аеродромот Хитроу во Лондон бидејќи не се појавила на закажаното судско рочиште во врска со нејзиниот банкрот.
Таа неодамна го прогласи својот втор банкрот поради неплатен данок од 761.994,05 фунти. Поради ова таа неодамна требало да се појави на судењето, но не се појавила, поради што полицијата распишала налог за нејзино апсење. И покрај тоа, старлетата заминала на патување во Турција, каде што направила естетска операција на лицето. Сепак, таа беше уапсена вечерва.
Според полицијата, Прајс е приведена во една од полициските станици во западниот дел на Лондон, каде што ќе остане до денес, 9 август, кога треба да се појави пред судот.
Инцидентот уследи по тоа што Прајс не се појави на сослушувањето на 30 јули, поради што судијката Кетрин Бартон издаде налог за нејзино апсење.
„Една жена беше уапсена на аеродромот Хитроу во четвртокот на 8 август во 19:45 часот поради тоа што не се појавила на суд. “ , стои во соопштението на лондонската полиција.
Старлетата претходно откри дека има план за банкрот и како да се извлече од се доколку тоа се случи.
Katie Price has been arrested over the £750,000 tax evading trial she skipped.
— BladeoftheSun (@BladeoftheS) August 8, 2024
She said “I feel like I’m being treated like a criminal.”
Well yeah because you are. pic.twitter.com/rLHHdssH3H
„Банротот не ме плаши како порано затоа што можам да видам излез. Ако ми ги земат материјалните работи, знам дека можам да ги вратам. Ќе станам ескорт дама ако треба, не за да спијам со мажи, туку само за друштво, би била со нив, мислам дека би била добра во тоа“ , вели таа во својата книга „Ова сум јас“.