УАПСЕНА ПОРАНЕШНАТА НАЈУБАВА ДЕВОЈКА НА СВЕТОТ – Полицијата во нејзината куќа пронашла калашников, а нејзиниот сакан шверцер на дрога е во бегство: “Нарко-принцеза…“

Поранешната мисица на БоливијаАлондра Меркадо Кампос (22 г.), е уапсена во полициска акција под обвинение за трговија со оружје, откако полицијата пронашла складиште со муниција за калашников АК-47 и тргнала во потрага по нејзиното момче, шверцер на дрога, јавува The Sun.

Алондра Меркадо Кампос во 2023 година беше крунисана за МИС на Боливија, а таа често ги истакнува своите бикини фотографии на социјалната мрежа Инстаграм или ВИП настани каде позира во вечерни фустани кои ги истакнуваат нејзините сладострасни атрибути.

Но, сега нејзините профили на социјалните мрежи замолкнаа, откако беше одведена во женскиот затвор „Тринидад“ во Бени под обвинение за трговија со оружје.

Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата во домот на поранешната мис на Боливија пронашла арсенал од повеќе од 100 парчиња оружје, меѓу кои и АК-47.

Нејзиниот партнер, 22-годишниот Андрес Васкез, моментално е во бегство, а полицијата го бара под обвинение за меѓународна трговија со дрога.

Специјалните сили за борба против дрогата на Боливија започнаа операција со цел да го заробат нејзиното момче, но наместо тоа, Алондра Меркадо Кампос била уапсена. Наводно, боливиската инфлуенсерка ќе биде задржана во притвор од 30 дена, кога ќе следи нејзиното прво појавување на суд.

Инспекторите велат дека ги чекаат резултатите од форензичките тестови извршени на автомобилот на парот, а исто така се надеваат дека нејзиниот запленет мобилен телефон ќе послужи како доказ. Имено, има видео-снимки на кои се гледаат Алондра Меркадо Кампос и нејзиниот партнер на разни забави, додека со себе имаат нелегално оружје кое полицијата го запленила. Истрагата е во тек…