Турската полиција го уапси Хасан Алпаргун, кој бил изведувач на станбена зграда во областа Чукурова во Адана, каде по земјотресот биле пронајдени телата на 70 лица.
Кога Алпаргун беше изведен на суд, тој ги повторувал зборобите: „Судбина, судбина“.
Кога новинарите го прашале дали се кае, тој одговорил:
– Многу ми е жал. Нема штета на другите мои згради. Оштетени се сите згради во Адана.
Според турските медиуми, неговата 14-катница била уништена во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што се случи во понеделникот.
Зградата целосно се урна, а досега во урнатините се пронајдени тела на 70 луѓе.
Алпаргун по земјотресот побегнал во Северен Кипар и набрзо бил уапсен во Никозија. Тој се товари за кривично дело „убиство и нанесување повреди поради неодговорност“.
Според турските медиуми, Алпаргун се обидел да пренесе 990.000 долари, 890.000 евра и 500.000 лири, а во меѓувреме купил стан во Никозија.