УАПСЕНИ ДВАЈЦА БАЛКАНЦИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА – Полицијата во Уругвај запленила повеќе од 400 килограми кокаин!

Уругвајската полиција запленила повеќе од 400 килограми кокаин во рамките на акцијата наречена „Виртус“, а меѓу уапсените има и двајца црногорски државјани, објави во петокот порталот на црногорската служба rtcg.me.

Веста на која тој портал се повикува на уругвајскиот El Observador се наведува дека меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балкански клан.

Балканскиот клан е голема мрежа на организиран криминал која дејствува во Европа, а ја сочинуваат државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска“, се вели во текстот на El Observador, а пренесува порталот rtcg.me.

Дрогата наводно пристигнала во Уругвај од Боливија, а била наменета за европскиот пазар.

Во извештајот од 2022 година, Европската комисија предупреди на зголемување на случаите во кои црногорски државјани биле уапсени за шверц на дрога, особено кокаин, во странство.

Во неодамнешниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), беше наведено дека криминалци од Црна Гора учествувале во меѓународниот шверц на повеќе од 30 тони кокаин, а овие количини биле запленети од полицијата ширум светот од 2017 година до 2021 година.