Уапсени две лица поради пожарите во Хрватска: Полицијата не сака да каже дали станува збор за подметнувачи или дали пожарот избувнал случајно

Сплитската полиција соопшти дека во врска со пожарот на островот Чиово се уапсени две лица.

– Во врска со пожарот што избувна вчера, 27.07.2023 година, околу 15.20 часот во местото Жено на островот Чиово, полициски службеници веднаш започнаа со процес на вршење проверки и утврдување на факти на терен. Синоќа во службените простории биле донесени две лица кои се поврзани со избувнувањето на пожарот. Во утринските часови ќе се врши увид и истрагата е во тек – јавува Индекс од извори од полицијата.

Се наведува дека полицијата засега не сака да каже дали пожарот избувнал намерно, односно дали уапсените го подметнале или пожарот избувнал случајно.

Пожарот што вчера избувна на Чиово беше изгаснат од сите расположливи копнени сили со помош на три кантари и три ертрактори, а утринава сè уште има малку отворен пламен, но нема опасност по луѓето или околината.