Уапсени ексдиректори на ЕСМ за криминал од 6,5 милиони евра! Ce трага по Васко Ковачевски: Најверојатно ја има напуштено државата
Повеќе лица се приведени во акција на полицијата и Јавното обвинителство, поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ и РЕК „Битола“. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека тој во најскоро време ќе биде пронајден. На прес-конференција во Владата порача дека надлежните органи имаат обезбедно доволно докази за направените злоупотреби.
„И поранешниот висок владин функционер и апелациониот судија кои што имаат направено сериозно кривично дело според оние тврдења таму и според основаните сомневања за кои што се наоѓаат на листата на санкции од САД, но и за овие 23 кои што денеска се обезбедени минус можеби еден за кој што сега вие посочивте, но очекувам бргу денеска и тој да биде обезбеден пред правдата, и сите тие да дадат одговор за овие основани сомневања за кои се обвинуваат. Иако можам да кажам дека голем дел од доказите за кои се сомневавме веќе се обезбедени. Имаме обезбедено докази за сите“, рече премиерот Мицскоски.
Министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност го известиле премиерот дека во случајот на ЕСМ и РЕК „Битола“ се работи за организирана група на високи претставници на компанијата кои се здружиле и постои сомневање дека направиле криминал тежок повеќе од 6,5 милиони евра.
„Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на Обвинителството, понатаму на судовите, нели мора да веруваме на презумпцијата на невиност, но тоа што е најдено е навистина загрижувачки“, рече премиерот Мицкоски.
Повикувајќи се на информации коишто ги има од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и од Бирото за јавна безбедност, Мицкоски вели дека станува збор за добро организирана група на високи претставници на РЕК Битола, како и за лица кои управуваат со други правни субјекти, кои се здружиле и постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5, милиони евра.