Полицијата уапси две лица кои наводно го киднапирале Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски, јавува „А1он“.
Уапсените заедно со кривичната пријава против нив се проследени до судијата на претходна постапка, кој денеска треба да одлучи дали ќе им одреди притвор.
Самоил Костадиновски бил пријавен за исчезнат од неговиот брат. Тој е внук на братот на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски.