УАПСЕНИ 9 ЛИЦА ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ЗЕМУН! Куќата се запали до темел, сопственикот загина, вака се случи трагедијата
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград денеска се уапсени две одговорни лица од фирмата што вршела работи во улицата „Марко Орешковиќ“ во Земун, каде денеска се случи експлозија во која загина маж, а неговата ќерка е повредена.
Покрај нив, уапсени се уште седуммина вработени во истата фирма за кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност.
За ова дело секој се соочува со затвор од 2 до 12 години.
Припадници на српското МВР, Полициската управа за град Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија сопственикот на фирмата и седуммина работници, поради сомнение дека го оштетиле гасоводот во Земун со градежна машина вчера, која предизвикала експлозија во приватна куќа.
Како што е познато, постои сомневање дека биле подизведувачи на градежни работи и дека при изведување на работите ја оштетиле гасната цевка и за тоа не ја известиле ,,Србија гас.”
Да потсетиме, во страшна експлозија во Земун загина маж, додека неговата ќерка е тешко повредена .
Инаку, граѓаните од овој дел на Земун велат дека од синоќа се чувствувал мирис на плин во воздухот.
Куќата во која се случила експлозијата целосно изгорела. Пред зградата дежураа шест противпожарни единици со 15 пожарникари, а на терен сè уште има полицајци и екипи на Брзата помош.