Уапсен Албанецот кој го уби својот сонародник: Нови детали од ликвидацијата на бензиската пумпа во Солун (вознемирувачко видео)

Човекот кој уби албански државјанин (50) со истрели од пиштол пред бензинска пумпа во Солун и’ се предаде на полицијата!

Осомничениот за убиството денеска напладне се предал.

Се работи за албански државјанин (45), татко на три деца, кој се предал во придружба на адвокат.

Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот за време на сослушувањето рекол дека се дружел со убиениот и дека меѓу нив најпрвин настанала тепачка. Причина за тепачката биле финансиски спорови.

,,Еникос” наведува дека полицијата има сознанија дека осомничениот е дел од мрежа за шверц на дрога.

Престрелката се случила вчера нешто пред 13 часот пред бензинска пумпа во источниот дел на градот.

На видеото од надзорната камера се гледа како маж жестоко се расправа со возачот на автомобилот, а потоа се обидува да го удри со синџир. Мажот испукал неколку истрели од возилото, по што напаѓачот паднал на земја.

Наводно, конфликтот започнал во блиското кафуле. Еден од нив го напуштил кафулето, додека другиот го следел со автомобил. Тепачката веднаш продолжи на пумпата.

Медиумите неофицијално јавуваат дека во автомобилот имало и жена за која се верува дека е сопругата на осомничениот.