УАПСЕН ВЕСЕЛИН ВЕЉОВИЌ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ПОЛИЦИЈАТА! СЈО врши претреси во градовите низ Црна Гора
Уапсен поранешниот директор на Полициската управа Веселин Вељовиќ.
Поранешниот директор на Полициската управа, Веселин Вељовиќ, утрово е уапсен во акција на Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство во Црна Гора .
Вељовиќ беше уапсен во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во спроведувањето на законот (ЕВРОПОЛ). СЈО од зори врши претреси во Подгорица, Мојковац, Жабљак и Никшиќ… Во акцијата на СЈО има уште уапсени.