Уапсен внукот на познатиот криминалец! Аргентинците му ставија лисици на „Ел Кроати“ – бил крал на подземјето, соработувал и со познат фудбалер
Во Буенос Аирес, аргентинската полиција разби мрежа на илегални менувачници со кои раководеше Иво Естебан Ројница, попознат како Ел Кроата, внук на криминалецот Иво Ројница.
Уапсениот Ел Кроата бил крал на црниот пазар. Се верува дека бил трговец со „сини долари“, нелегална валута што се користи за мали трансакции, пишува Буенос Аирес Тајмс.
Неговите операции наводно се прошириле во САД и Шпанија, а се верува дека оперирал и во Уругвај и Боливија.
Во неговите простории полицијата пронашла компјутери и банкноти со детали за девизните трансакции, машини за броење банкноти, празни кеси со различни големини и машина за дробење хартија.
Меѓу многуте клиенти кои правеле бизнис со него, се споменува и „познат фудбалер“.
Неговиот дедо Иво Ројница пристигнал во Аргентина во 1947 година.
Во раните деведесетти тој беше овластен претставник на Хрватска во Аргентина. Се претставуваше како угледен бизнисмен.
За време на војната во Југославија, тој го финансираше шверцот на оружје од Аргентина во Хрватска.
Центарот Визентал, организација која трага по бегалците криминалци од Втората светска војна, објави во 1994 година дека Ројница е одговореб за смртта на Србите и Евреите.
– Сè што направив во 1941 година, би направил повторно – изјави тогаш Ројница.