УАПСЕН ‘КРАЛОТ’ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ – На аеродромот во Подгорица фатен еден од најбараните бегалци во целиот свет
Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Адржиќ.
Црногорската полиција приведе лице кое е осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на Terraform Laps со седиште во Сингапу.
„Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој е виновен за загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и Сингапур“, напиша Аџиќ во објава на социјалната мрежа Твитер, додавајќи дека официјална потврда за негивиот идентитет се уште се чека.