Уапсен руски разузнувач кој подготвувал атентат на Зеленски! Украинската разузнавачка служба откри шокантни детали
Украинската служба за безбедност (SBU) објави дека уапсила „руски разузнавач“ кој наводно имал задача да го подготви атентатот на претседателот Володимир Зеленски!
– Уапсен е руски разузнавач кој подготвувал руски воздушен напад во регионот на Миколаев за време на посетата на претседателот на Украина – соопшти Украинската служба за безбедност.
Си-Ен-Ен објави дека наводниот доушник собирал разузнавачки информации за планираната посета пред неодамнешното патување на украинскиот претседател во Миколаевската област.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот на крајот на јули.
Во соопштението на SBU се вели дека осомничениот се обидел да го одреди времето и списокот на локации на приближната рута на шефот на државата на територијата на регионот.
Агентите на SBU добија информации за субверзивните активности на осомничениот и воведоа дополнителни безбедносни мерки.
Со следење на комуникациите на жената, SBU утврдила дека таа имала задача и да ја идентификува локацијата на системот за електронско војување и складиштето за муниција на вооружените сили.
Медиумите јавуваат дека осомничената е жител на Очаков на југот на Украина и поранешна продавачка во воена продавница на територијата на една од воените единици во регионот.
Таа, патувала низ територијата на областа и ги снимила локациите на украинските објекти.
Жената не е именувана.