Уапсен Србин кој е обвинет дека ја ограбил ѕвездата на Баерн Минхен: Во филмската акција влегол во неговиот дом и украл богатство вредно повеќе од 500.000 евра!

Португалската полиција уапси 24-годишен Србин кој е осомничен дека на 13. септември 2022 година во Германија го ограбил легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Томас Милер.

Германскиот весник Bild пишуваше за филмскиот грабеж кој се случил додека Томас Милер бил на натпревар. Крадците го искористиле времето додека ѕвездата на Баерн Минхен играл против Барселона на „Алијанц Арена“ и упаднале во неговиот дом. Во добро организиран грабеж од станот одзеле пари, накит и други вредни предмети.

Крадците особено биле заинтересирани за скапите часовници од 500.000 евра, а со себе однеле ни помалку ни повеќе туку 17 парчиња. Речиси една година по тој грабеж, еден од крадците е уапсен во Лисабон, а според српските медиуми тој е Србин роден во Италија.

Младиот човек е приведен и обвинет за кражба и разбојништво, а засега не се познати деталите од распитот, како и судбината на српскиот крадец.