Кавадарчанец синоќа е приведен откако на интернет му се заканувал на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и неговото семејство.
Полицијата постапила по претходна пријава.
„Синоќа во 00:05 часот полициски службеници од СВР Кавадарци го приведоа С.М.(29) од Кавадарци постапувајќи по претходна пријава дека подолго време на социјалните мрежи му се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци.
„С.М. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, јавува МИА од Велес.
А во мај се дозна дека Јанчев добил смртни закани од 35-годишен Кавадарчанец. Инцидентот се случил во ресторан.
Лицето, како што соопшти МВР, е приведено во полициска станица, додека по целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна пријава.