Убавата актерка помина 10 години во секта: „Интимните врски ми станаа обврска, како задача“

Бетани Џој Ленц, актерката што ја паметиме како Хејли Џејмс од популарната серија „One Tree Hill“, денес има 44 години и дури сега е подготвена да зборува за најтемното поглавје од својот живот – деценијата што ја помина во култ.

Она што со години беше непознато за јавноста, сега излезе на виделина: додека публиката ја гледаше нежната, морална и емотивна Хали на екранот, Бетани всушност беше затвореник на заедница управувана од харизматичен, но манипулативен водач.

„Бев член на секта десет години“

Во разговор со колешките Софија Буш и Хилари Бартон Морган, со кои е домаќинка на подкастот „Драма Квинс“, актерката отворено за прв пат призна низ што поминала.

– Десет години бев дел од еден култ. Тоа е приказна за манипулација, вера и преживување, но и за закрепнување што продолжува и денес. Имам многу да кажам, рече Бетани.

Таа додаде дека почнала да пишува книга за сè, која неодамна е објавена под наслов „Вечера за вампири“. Иако дијагнозата на ADHD ѝ го отежнала процесот, таа не се откажала:

– Имав огромна одговорност да ја напишам вистината. Вклучени се и други луѓе, правни околности, емоции, траума… но книгата конечно ја виде светлината на денот.

Брак под контрола на водачот на сектата

Во гостувањето во подкастот „Повикај го нејзиниот татко“, Ленц за прв пат откри дека е во брак со синот на водачот на култот. Она што следеше ја шокираше јавноста.

– Бев целосно незаинтересирана за секс, па затоа сопругот и јас воведовме распоред. Буквално се договоривме за деновите кога ќе спиеме заедно. Мислев дека така го одржувам мирот во куќата, но само се потиснував себеси, призна актерката.

Со текот на времето, таа почна да се чувствува згрозена од она што тогаш го нарекуваше „брачна должност“.

– Интимните врски ми станаа обврска, како задача што мора да ја завршиш. Кога се враќаше од пат, добивав напади на паника. Секој пат кога ќе дојдеше, се потсетував на она што ме очекуваше и секој пат се чувствував како повторно да го доживувам ПТСН.

Деценија тишина и процес на лекување

Откако ја напушти сектата, Бетани со години се бореше да ја врати довербата во луѓето, да ги препознае сопствените граници и повторно да најде смисла.

– Кога некој десет години ти кажува дека сè што чувствуваш е погрешно, почнуваш да се сомневаш во секој дел од себе. Закрепнувањето не е брзо. Тој е процес, искрено рече таа.

Нејзиното признание предизвика огромен одѕив бидејќи допре до тема за која ретко се зборува – колку лесно некој може да падне во мрежата на контрола, особено ако во тој момент е ранлив, млад и полн со верба во нешто повеќе.

Денес, Бетани Џој Ленц повеќе не е само актерката што ја паметиме од тинејџерските серии – таа е жена која преживеала системска манипулација, психолошка контрола и емоционална злоупотреба, но од сето тоа излегла со една порака:

– Закрепнувањето не е враќање кон старото – тоа е создавање на сосема нов живот.