УБАВАТА ДАНИЕЛА ПОЧИНА ВЕДНАШ ПО ОВА СЕЛФИ: Младата мајка сакаше да се пофали пред семејството, но авантурата тргна наопаку

Даниела Бариос Игуита, 27 години, почина во саботата за време на лет со параглајдер .

Полицијата се уште истражува како младата мајка починала во планините во западна Колумбија во близина на градот Каларка. Прелиминарната истрага покажала дека компанијата работела согласно сите потребни прописи и сега се проверува дали има пропусти во безбедносните мерки кои би можеле да придонесат за фатален исход.

Даниела загина додека се обидувала да го надмине стравот од височина летајќи со параглајдер над врвот Ел Кастиљо, кој е омилено место за љубителите на овој екстремен спорт. Непосредно пред кобниот лет, младата жена објавила фотографија на својот профил на социјалните мрежи и ги известила семејството и пријателите дека го победила стравот од летање.

– Да го победиме стравот – напиша меѓу другото Даниела.

Даниела Бариос

Локалните медиуми јавуваат дека таа паднала од леталото набргу потоа и слетала во шумска област. Пилотот не можеше да го запре летот за да и помогне додека ЕМС не можеше да стори ништо за да ја спаси.

Хавиер Арконде Родригез, командант на противпожарната служба во Каларка, верува дека Даниела се лизнала од седиштето на копилотот и паднала од височина од 200 или повеќе метри.

Даниела Бариос

Покрај студирањето бизнис администрација, Даниела присуствуваше на обука за моден дизајн и имаше онлајн продавница за долна облека која ја промовираше преку социјалните мрежи.

Младата жена оставила седумгодишен син.