Ана Ивановиќ знае како да се препушти на себе.
Поранешната тенисерка е активен член на социјалните мрежи и често објавува фотографии – и од деловни и од приватни средини.
Таа редовно ги информира своите многубројни фанови за секојдневните активности, а тоа го направи и овој пат.
Српската убавица објави атрактивна фотографија и многумина остави без здив.
Како што можете да видите, Ана позираше на карпата во розово-виолетови бикини, а нејзината фигура привлече внимание. И по три породувања, поранешната тенисерка изгледа феноменално.
Се забележуваше рамниот стомак.
Покрај ваквите фотографии, Ана ги споделува и оние каде покажува што јаде во текот на денот и како вежба, па можеме да заклучиме дека здравиот начин на живот и помогнал на Ана да ја одржи формата.