Убава сцена на Бол Арена: Погледнете како навивачите на Денвер го испратија Јокиќ по болниот пораз! (ВИДЕО)

Најдобриот светски кошаркар, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, доби овации по болниот пораз на Денвер во решавачкиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција.

Нагетс ја завршија својата сезона со пораз од Минесота со 98-90 во седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

Играчите и навивачите на Нагетс беа целосно очајни по последната сирена. Имено, Денвер во вториот дел се откажа од 20 поени предност и му дозволи на противникот историски пресврт.

Сепак, иако беа разочарани и лути поради поразот, навивачите на Нагетс на крајот од натпреварот му оддадоа почит на својот најдобар играч Никола Јокиќ. Кога го напушти теренот, цела сала му аплаудираше на Србинот, кој беше убедливо најдобриот играч во тимот од Колорадо.

Никола мечот го заврши со 34 поени, 19 скока и пет асистенции.