,,Убив повеќе од 200 луѓе во Украина а погледнете што ме пречека дома!” Поранешен член на Вагнер се врати од војна и остана без зборови: Јас бев топовско месо (видео)
Поранешниот платеник на групата Вагнер, Владислав Замков изјави дека додека отслужувал осумгодишна затворска казна за прекршоци за дрога, му било понудено да му се придружи на Вагнер и да се бори во Украина.
Пет месеци учествувал во борбите кај Бахмут. Откако бил ранет во нив, бил испратен дома каде го пречекале сопругата и трите деца.
– Убив повеќе од 200 луѓе. Дојдов дома во мојата земја, а јас сум небитен – изјави Замков.
Видеата со гореспоменатите тврдења и информации, кои Замков ги објави на социјалните мрежи, ги погледнале стотици илјади луѓе, а ги пренесоа бројни руски и руски медиуми. Замков живее во градот Питкјаранти во Република Карелија, северозападно од Руската Федерација. Во тој град живеат нешто повеќе од 11.000 луѓе (податоци од 2010 година), а Замков тврди дека состојбата во градот е лоша, дека многу луѓе немаат работа. Зградите се напуштени, како и игралиштата, тврди 33-годишникот.
– Јас не сум политичар. Јас сум обичен граѓанин и доста ми е. Помош, драги Руси. Само ние можеме да го решиме ова – рече Замков.
Во видео снимките откри дека и тој нема работа и дека само му нудат работа во војска.
– Сакаат повторно да ме испратат во војна – рече Замков и додаде дека не сака да се врати на бојното поле.
Тој изјави и дека има проблеми со долговите.
– Претседателот (на Руската Федерација) Владимир Путин не ми ги даде парите што им беа ветени на затворениците кои се бореа во Украина и беа ослободени. Банката ми го заплени станот. Јас и моето семејство живееме таму илегално – рече Замков и додаде: „Ако некој дојде (во Питкјарант), му пукам во глава. Досега никој не дошол“.
Замков рече дека се надева дека неговата ситуација ќе биде решена.
– Преживеав, но сега сфаќам дека бев само топовско месо – изјави 33-годишниот.