Убиена на најбизарен начин: Женско тело пронајдено покрај автопатот! Полицијата објави детали од кои ќе ви се превртат цревата

Жена од Тексас била пронајдена мртва на пат љ починала под страшни околности. Властите сега бараат одговори.

Телото на Мелиса Дејвис (33) го пронашле полицајците фрлено на страна на патот во Остин, Тексас, одговарајќи на извештаите за пожарот на тревата околу 5 часот наутро на 29 септември, се вели во соопштението на полицискиот оддел во Остин.

Жената била прогласена за мртва на местото на настанот, а полицијата утврдила дека нејзината смрт е убиство.

Според локалните медиуми, полицајците забележале „силен мирис на бензин“ во близина на нејзиното тело и пронашле нешто што изгледало како запалка.

Полициското куче ископало и касапски нож, за кој полицијата верува дека е „поставен кај починатиот во обид со оган да ги уништи доказите“, се вели во полицискиот извештај.

Лекарите веруваат дека таа е жива запалена, јавува ККСАН-ТВ, повикувајќи се на извештајот од полицијата.

Додека истрагата за нејзината смрт продолжува, полицијата сега трага по автомобилот на жената, се вели во соопштението.

Опишан е како сина Тојота од 2016 година со тексашки таблички.