Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница

 Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, денеска се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

– Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени  мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место, изјави Стојковски, кој на прес-конференција  претстави извептај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.

Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.