– Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега, убиени се 14.280 деца.
Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа ги претстави најновите податоци за нападите што Израел ги спроведува врз Појасот Газа веќе 170 дена.
Според Канцеларијата за медиуми, од 7 октомври израелската армија извршила 2.848 масакри врз беспомошниот палестинските цивили, деца и жени во Појасот Газа.
Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа во текот на 170 дена, убиени се 32.226 лица, од кои 14.280 деца и 9.340 жени.
Повредени се 74.518 Палестинци.
Статистички 73% од жртвите на израелските напади се жени и деца, а меѓу убиените се и 364 здравствени работници, 48 припадници на цивилната одбрана и 136 новинари. Досега во Газа од глад починале 27 деца.
Околу 7.000 луѓе се водат за исчезнати или заробени под урнатините.
Во Појасот Газа се регистрирани 17.000 деца кои останале без еден или двата родители.
Поради колапсот на здравствениот систем, 10.000 заболени од рак се соочуваат со смрт. Бројката на повредени на кои им е потребен лекарски третман надвор од Газа достигна 11.000.
Околу 700.000 луѓе се разболеле од заразни болести, а 8.000 од вирусен хепатитис поради раселувањето.
Покрај тоа, во животна опасност се 60.000 бремени жени кои се лишени од лекарска грижа и 350.000 хронични пациенти за кои нема лекарства.
32 болници и 53 здравствени домови не работат, а цел на напади се 158 здравствени установи. Израелските војници приведоа 269 медицински лица и 12 новинари.
Од 7 октомври досега, Израел фрли 70.000 тони бомби врз цивилни населби во Газа, уништувајќи големи површини.
Поради израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа раселени се два милиони луѓе.
Во израелските напади целосно се уништени 168 јавни згради, 100 училишта и универзитети, 224 џамии, три цркви, 200 историски споменици и 70.000 станови.
Делумно се разурнати 305 училишта и универзитети и 290 џамии, а 290.000 куќи се непогодни за живеење.