Убиен политичарот на Путун, за убиството е осомничена внуката! Откриена причината: Еве колку години ќе лежи во затвор (ФОТО)

Русинката Екатерина Белскаја (30) е уапсена под сомнение дека ги убила својот дедо и неговата сопруга во Самара во јануари, откако тие се вратиле во Русија од Финска.

Таа се соочува со затворска казна од осум до 20 години.

Виктор Тархов.jpg

Виктор Тархов (77) беше поранешен градоначалник на Самара, инаку „про Путин“ политичар. Тој и неговата сопруга исчезнаа во јануари, а потоа беше откриена страшната вистина – Виктор и неговата сопруга Наталија беа застрелани и распарчени, а нивните делови од телото беа пренесени на неколку локации.

Инспекторите пронашле некои „фрагменти“ од телото во станот на неговата внука Екатерина, која е уапсена за двојно убиство.

Според извештаите на медиумите, парот бил убиен на почетокот на јануари откако се вратиле од патување во Финска. Тие биле снимени како влегуваат во нивниот стан, но не излегле од него.

Се сомнева дека убиството е поврзано со расправија за наследство од милион евра. Инспекторите веруваат дека Белскаја одговарала на пораки на нивните телефони пред пријател на поранешниот градоначалник да се посомнева и да ја извести полицијата. Наводно, внуката почнала да ги продава имотите на нејзините баба и дедо, вклучувајќи ја и нивната Тојота, икони и накит.

„Рускиот истражен комитет отвори кривично дело за убиство на две лица. Внуката на поранешниот градоначалник моментално е под истрага за нејзината вмешаност во злосторството”, рече портпаролката на Рускиот истражен комитет.

Тархов беше градоначалник на Самара од 2006 до 2010 година.

Последниве години живееше во странство, а одвреме-навреме доаѓаше и во Самара.