Мухамед Иса, син на заменикот воен командант на Хамас, Марван Иса, е убиен утрово во напад на ИД, јавија израелските медиуми, повикувајќи се на палестински медиуми.
Иса служи како главен заменик на воениот началник на Газа, Мухамед Деиф.
Како што објави „Џерусалим пост“, еден Палестинец загинал, а неколку други се повредени во судирите со израелските сили во Рамала на Западниот Брег рано утринава.
Во средата вечерта беа пријавени судири во неколку градови низ Западниот Брег, вклучувајќи ги Ерихон, Халхул, Џенин, Тулкарм и Наблус.
Најмалку девет Палестинци се повредени во судирите во Халхул во текот на ноќта, според палестинските извештаи.