Израелската армија денеска соопшти дека го убила командантот на палестинската милитантна група Хамас кој ги предводел нападите на Кибуц Нирим и Нир Оз.
Како што беше соопштено, Билал ал Кедра, командантот на баталјонот Кан Јунис на Хамас е убиен, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој беше убиен во воздушен напад извршен благодарение на разузнавачката работа на агенцијата Шин Бет и Управата за воено разузнавање.
„За време на воздушните напади извршени вечерва во Појасот Газа, беа убиени уште неколку терористи од редовите на Хамас и Исламски џихад“, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
ИД соопшти дека во текот на ноќта биле погодени повеќе од 100 цели, вклучувајќи командни центри на Хамас, воени објекти, локации за извидување и лансирање ракети, како и командни центри на Исламски џихад.
Израелските воздухопловни сили вчера објавија дека го убиле командантот на Хамас Али Кади, кој според нив го предводел нападот врз израелските населби минатата сабота.
Претходно беше објавено дека при воздушен напад на Појасот Газа, загинал и висок функционер на Хамас, Мурад Абу Мурад.