Убил 4 мажи во кафана и две деца на улица! Детали за масакрот во Цетиње: Напаѓачот продолжил да убива низ градот!

Неколку лица, меѓу кои и две деца, загинаа во крвавиот пир што попладнево се случи во меана во центарот на Цетиње, кога убиец чиј идентитет и’ е познат на полицијата уби четворица мажи, рани уште двајца, а потоа побегна од местото на настанот.

Недолго потоа беше објавено дека во населбата Богданов крај убил две деца и ранил една жена. Неофицијалните информации велат дека се работи за А.М од Цетиње.

Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.

Полициската управа соопшти дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.

,,За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, се вели во соопштението на полицијата.