Ударна вест од Русија! Армијата ја откри целта на нападот во Црното Море, руската флота спречи катастрофа!
Вооружените сили на Украина се обиделе да нападнат руски цивилни транспортни бродови со три чамци без екипаж во југозападниот дел на Црното Море, соопшти Министерството за одбрана, пренесува „РИА Новости“.
– Режимот во Киев, користејќи три чамци без екипаж, изврши обид за терористички напад врз руски цивилни транспортни бродови на пат кон Босфорскиот теснец, во југозападниот дел на Црното Море – соопшти Министерството.
Воени бродови кои го придружуваа поморскиот транспорт ги пронајдоа беспилотните летала и ги уништија.
Министерството за одбрана најави и обид на вооружените сили на Украина со три поморски беспилотни летала да ги нападнат патролните бродови „Сергеј Котов“ и „Васили Биков“.
Непријателската опрема е неутрализирана, а екипажите на руските бродови продолжуваат да ги извршуваат задачите.