Уделот на електричната енергија од ветерните централи во Европа во изминатите 24 часа изнесува 17 отсто
Во изминатите 24 часа во Европа уделот на електричната енергија произведена од ветерните централи изнесува 17 отсто. Тоа се наведува во денешниот билтен на WindEurope Power Numbers.
Електричната енергија од копнените ветерни електрани била 15 отсто или 1.495 гигават часови, а произведената од морските ветерни електрани била 2 отсто или 194 гигават часови.
Најмногу таква енергија е произведена во Данска (101 отсто), Шведска (58 отсто) и Финска (42 отсто), а најголемо количество од тој вид електрична енергија во изминатите 24 часа е произведено во Германија (447 гигават часови) Шведска (254 гигават часови) и Шпанија (139 гигават часови), покажува извештајот.
За претходните 24 часа уделот на електричната енергија произведена од ветерните електрани во Европа изнесуваше 14,6 отсто.