Удриле во тенк, па влечеле член на екипажот за нозе – крајно вознемирувачки сцени од Израел (ФОТО+ВИДЕО)

За време на голем напад на Хамас врз Израел рано утринава, еден тенк Меркава IV беше уништен, додека најмалку еден член на екипажот беше заробен.

Засега не е утврдено како е уништен тенкот, но се споменува можност да биде погоден од противтенковска наведувана граната.

На социјалната мрежа Х беше објавено видео од фаќањето на членот на екипажот.

Потсетуваме, припадници на Хамас од Појасот Газа денеска влегоа на југот на Израел и истрелаа илјадници ракети во таа земја.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ова не е операција, туку војна. Тој дал инструкции за „исчистување на населбите од терористи кои се инфилтрирале“.

Тој додава и дека наредил опсежна мобилизација на резервниот тим.

– Непријателот ќе ја плати цената како никогаш досега – рече тој.