УЕФА донесе вонредна одлука за промена на еден од судиите за натпреварот меѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон, на десетина часа пред одигрувањето на овој дуел.
Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на дуелот во Ајндховен, но тој е отстранет од листата откако се најде во ценарот на сериозен скандал. Имено, Мареска судеше на дербито во шампионатот на Кувајт меѓу екипите на Кувајт и Ал Араби, по што на негова адреса стигнаа сериозни обвинувања. Гостите се жалат дека италијанскиот судија му се заканувал со смрт на еден од фудбалерите, истрагата е во тек, а челниците на УЕФА решија Мареска да биде изоставен се до разврската на овој случај.
Прв судија на натпреварот ПСВ – Спортинг останува Марко Гвида, а местото на Мареска ќе го преземе неговиот сонародник Даниеле Довери.